Facebook Pixel Code
Прелоадер слика

ЗАШТИТНИ И МЕДИЦИНСКИ МАСКИ

ЧУВСТВУВАЈТЕ СЕ

БЕЗБЕДНО, ПРИЈАТНО И СИГУРНО!

Лого маска во боја

ВИСОКОКВАЛИТЕТНИ 3 СЛОЈНИ ЗАШТИТНИ И МЕДИЦИНСКИ МАСКИ

МЕДИЦИНСКИ МАСКИ

Лого маска во боја

UniMask 3 слојната медицинска маска овозможува врвна заштита од вирусни, бактериски, поленски и други загадувања. Средниот слој – MELBLOND, е произведен во Европа и обезбедува висок степен на заштита и филтрација.

  • ЛЕСНО СЕ ДИШЕ
  • ОДЛИЧНА ФИЛТРАЦИЈА
  • ВОДООТПОРНА
  • ЕЛАСТИЧНО ПРИЦВРСТУВАЊЕ
  • ЛЕСНО ПРИЛАГОДЛИВА
  • МЕКА, НЕИРИТИРАЧКА
  • КОМФОРНА

ЗАШТИТНИ МАСКИ

Лого маска во боја

UniMask 3 слојната заштитна маска овозможува умерена заштита од вирусни, бактериски, поленски и други загадувања.

  • ЛЕСНО СЕ ДИШЕ
  • ДОБРА ФИЛТРАЦИЈА
  • ВОДООТПОРНА
  • ЕЛАСТИЧНО ПРИЦВРСТУВАЊЕ
  • ЛЕСНО ПРИЛАГОДЛИВА
  • МЕКА, НЕИРИТИРАЧКА
  • КОМФОРНА

KN95

Лого маска во боја

KN95 заштитната маска е создадена да овозможи поголема заштита од вообичаените заштитни маски. Истата спречува ширење на големи воздушни честички.

  • одлична филтрација до 95%
  • водоотпорна и лесно прилагодлива
  • мек и удобен материјал
  • содржи клип за прилагодување на носот
  • нуди заштита од вируси, бактерии и загадување
  • неиритирачка

FFP2 NR

Лого маска во боја

FFP2 NR заштитната маска ефективно спречува секаков вид на хемикалии, вируси, бактерии. Содржи посебен филтер, кој овозможува полесно дишење на различни температури.

  • содржи филтер за полесно дишење
  • водоотпорна, еластична
  • мек и удобен материјал
  • содржи клип за прилагодување на носот
  • вертикалното преклопување овозможува полесно користење
  • одличен избор за лица изложени на хемикалии
  • нуди заштита од вируси, бактерии и загадување

СЕРТИФИКАТИ

Сертификат 1

Сертификат 1

Сертификат 2

Сертификат 2

ЗА НАС

Водени од мотивот да дадеме придонес кон заштитата на населението и вработените во институциите и целото македонско стопанство – го креиравме брендот UniMask (УНИМАСК) - висококвалитетни 3 слојни заштитни и медицински маски! Наша цел е преку UniMask да овозможиме заштитни маски со прифатлива цена, достапни за сите наши граѓани. Оттука, во услови на криза инвестиравме во опремување на соодветен простор и набавка на автоматска линија за производство на трислојни заштитни маски со капацитет од 50 маски во минута. UniMask маските се неиритирачки, меки, комфорни, водоотпорни, лесно прилагодливи и со одлична филтрација. Истовремено овозможуваат висока заштита од вирусни, бактериски, поленски и други загадувања.

Нашата компанија УНИВЕЛ ДООЕЛ е основана во 1988 година, како занаетчиски дуќан, кога е започнато производство на напонски регулатори (реглери) за автомобилска индустрија. Во 1992 година УНИВЕЛ е регистрирана како производно трговско претпријатие. Покрај производството на електронски производи започнува трговија на големо со канцелариски потрошни материјали. Низ времето дејноста се проширува и со училишен програм, за во 1998 година УНИВЕЛ да стане застапник за BIC Франција и уште десеттина други брендови. Од 2000 година започнато е производство на канцелариски производи како регистратори, папки, архивски кутии, ќеси и сл.

Во моментов нашата компанија располага со простор од 1.600м2, брои 15 вработени и има голем асортиман на висококвалитетни производи. Долгогодишна соработка со преку 1.000 активни и задоволни клиенти и соработници е доказ за нашиот професионализам, иновативност, истрајност и посветеност во работата.

Светски брендови со кои работи нашата фирма во моментов: FILA – GIOTTO Италија, FACTIS Шпанија, Elisa Словенија, ZOEWIE Германија, Статовац и Универзал Србија, Диакакис Грција и BIC Sport Франција. Можеме да се пофалиме и со одлична соработка и потпишани годишни договори со најпознатите ланци на маркети и најдобрите книжарници во државата.

КОНТАКТ

Имате прашања?

Сакате да нарачате од нашите маски?

Пополнете ја контакт формата и ние ќе ве контактираме

во најбрз можен рок.

Задолжително поле
Задолжително поле
Задолжително поле
Потврдете дека не сте робот.
Исполнето
Ви благодариме што не контактиравте. Нашиот тим ќе ве контактира во најбрз можен рок.
Имате грешка при пополнувањето на формата. Обидете се повторно со точни податоци.

УНИВЕЛ ДООЕЛ

бул. Борис Трајковски бр. 75

(во круг на Охис), 1000 Скопје,

Р. С. Македонија